„Сејф сити“ ќе Ве казнува и ако возилото Ви заглавило на крстосница, иако сте поминале на зелено

Електронскиот систем за прекршоци „Сејф сити“ ќе казнува и кога возилото ќе остане заглавено на крстосница, иако поминало на зелено светло, кажа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за ТВ 21.

Како што објасни тоа нема да се третира како поминување на црвено светло, но ќе биде сообраќаен прекршок за кој казната е 45 евра.

-Значи возачот мора да направи проценка дека сообраќајот ќе се закочи ако помине на зелено светло, и ќе мора да застане. Имаше во тест периодот и такви ситуации, и камерите ве идентификуваат како да сте поминале на црвено, и покрај тоа што сте влегле на зелено.

Но, сето тоа го отстранивме, и тој прекршок нема да биде констатиран како поминување на црвено, туку како угушување на крстосница, рече тој.

Рече и дека во Скопје се работи на имплементација на систем за паметен зелен бран и дека со ова решение протокот на возила ќе се забрза за речиси една третина.

Според него овој систем е направен паметно да го менаџира движењето на возилата, со што ќе се овозможило континуирано движење низ повеќе крстосници без непотребни застанувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР ги објави казните за прекршоците кои ќе се казнуваат со „Безбеден град“

Каде сѐ ќе бидат поставени камери на „Безбеден град“: Инсталирањето ќе се врши во неколку фази

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести