Махатма Ганди доби биста во Музејот на Град Скопје

Истакнатиот индиски лидер Махатма Ганди кој применувајќи ненасилна граѓанска непослушност и донесе на Индија независност и кој поттикна движења за граѓански права и слободи низ светот, доби биста во Музејот на Град Скопје.

Истата денеска ја открија македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, нејзината индиска колешка, која е во посета на Македонија, Друпади Мурму и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Истата е подарок од Индија.

-Махатма Ганди, како апостол на ненасилството, остави универзално наследство што ги надминува националните граници, инспирирајќи генерации борци за слобода, правда и човеково достоинство.

Нема посоодветен дом за бистата на таткото на современа Индија од родното место на Мајка Тереза, како траен симбол на заедничките хуманистички вредности што ги поврзуваат македонскиот и индискиот народ.

Оваа биста е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави, информираа од Кабинетот на претседателката.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести