37-годишен маж загина во пожар во стан во Кичево

Маж на возраст од 37 години вчера загинал во пожар во стан во Кичево.

Станува збор за С.С. од Кичево, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево, неговото тело било пронајдено откако бил изгаснат пожарот.

Пожарот се случил во стан на улицата „4 Јули“, а телото на починатиот било откриено од Територијалната противпожарна единица Кичево.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести