Цената на дизелот од вечерва на полноќ се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК).
Со новата одлука дизелот од утре ќе се продава за 70 денари по литар.
Цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, остануваат непроменети. Еуросупер 95 и понатаму ќе се продава за 76 денари по литар, а Еуросупер 98, за 78 денари по литар.
Се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,50 денари по литар и новата цена ќе изнесува 70 денари по литар.
Цената пак на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 денари, и ќе изнесува 40,928 денари по килограм.
Фото: Унсплеш