Четири лица се повредени во пожарот во Трубарево, тројца од нив се пуштени на домашно лекување, а еден е хоспитализиран, информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу.
Жена која живеела во близина на складот што се запали, е во болница но е надвор од животна опасност. Останатите тројца, кои биле третирани амбулантски се директорот на ЦУК и по еден припадник на армијата и полицијата.
„Сите имале симптоми на вртоглавици и кашлица, а и препораките беа доколу има некој такви симптоми да се јават на клиниката“, вели Алиу.
Портпаролката на Влада, Марија Митева информираше дека нема лица од Трубарево кои доброволно се евакуирале во Центарот за обука на МВР во Идризово кој беше отстапен за сместување за жителите чии домови се во близина на местото на пожарот.
Пожарот е изгаснат, но се уште има силен чад каде што е запален електронски отпад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени три лица за пожарот во Трубарево
Препораки од ИЈЗ за заштита на граѓаните од загадениот воздух, поради пожарите
Фото/ДЗС