И Австрија и Белгија отворија случаи за „човечкото сафари“ во Сараево, каде во 90. странци убивале цивили за забава

Случајот познат како „човечко сафари“ од Италија се шири и во Австрија и Белгија.

Станува збор за случајот во кој странци за време на војната во 90. години од минатиот век во Сараево, додека беше под опасада, убиле цивили за забава, а за тоа плаќале илјадници евра.

Обвинителство во Белгија истражува можно учество на свој државјанин, а австриските власти спроведуваат истрага против еден австриски и еден германски државјанин.

Во Италија случајот беше отворен откако беше објавено новинарско истражување, кое меѓу друго откри дека странци на босанските Срби им плаќале и 300.000 евра за да пукаат врз цивили.

Истрагата во Италија покажува дека мотивите на странците кои доаѓале во Сараево не биле од политичка или религиозна природа, туку дека тоа биле луѓе кои обожавале оружје и за кои пукањето во луѓе, вклучувајќи жени, стари лица и деца, било забава и нешто како видео игра.

Опсадата на Сараево траеше од април 1992 до декември 1995 година и се смета за најдолга опсада во современата историја, а во тој период во градот биле убиени околу 11.500 лица, од кои голем дел биле цивили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ негира вмешаност во „Сараево сафари“, најави тужби за светски медиуми

И Вучиќ бил дел од „Сараево сафари“, тврди хрватски новинар кој поднесе пријава до Обвинителството во Милано

Италија отвори истрага: Италијанци, Германци, Французи, Англичани… убивале цивили во Сараево кога беше под опсада од задоволство?

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести