Откако изминатиов викендов во главниот град на Црна Гора, Подгорица, младиот Црногорец М. Ј. беше поврден со нож, а беа приведени азербејџанскиот државјанин Ј. Г. (31) и турскиот државјанин Н. Д. (54), во државата има бран на насилство врз турски државјани, а Црна Гора соопшти дека привремено ги враќа визите за нив.
Демолиран е угостителски објект на турски државјанин во Подгорица, запален е автомобил во сопственост на турската компанија „Зерен Моторс“, нападнат е турски државјанин во истиот град, масовно се проверуваат дозволите за престој на турските државјани во земјава, мажи протестираат низ градот извикувајќи „Турците надвор„…
Во Црна Гора престојуваат околу 14.000 турски државјани, а турското Министерство за надворешни работи информираше дека се преземени мерки за обезбедување на безбедноста на турските граѓани и дека тие се во постојан контакт со црногорските власти.
Видео: DAN portal/podgoricki.info/Фото: Унсплеш














