Дејвид Гета, светски познатиот француски диџеј, продуцент и хитмејкер, на 8. септември на Денот на независноста на Македонија ќе настапи бесплатно на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје, најавија денеска од Владата и Авалон продукција.
Тој ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“.
Неговиот настап е во рамките на програмата за обележување на 35 години од независноста на земјава, па регистрација за настапот ќе биде со симболична цена од 35 денари по лице.
Едно лице ќе биде ограничено на најмногу две влезници, а дозволена ќе биде и регистрација од други држави.
Повеќе детали за процедурата за регистрација ќе бидат соопштени утре од Авалон продукција, која го организира настанот.
За обележување на 35 години независност ќе има уште два големи концерта помеѓу 8 август и 8. септември, за кои детали дополнително ќе бидат соопштени.
Во периодот од 8 август до 8. септември ќе има дисперзирана музичка програма во 11 градови во државата, со вклученост на над 120 македонски уметници, најави портпаролката на Владата, Марија Митева.
Повеќе детали за програмата се очекуваат во периодот што следи.
Фото: Промо














