Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март највисока цена за стан во земјава е постигната за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода.
Истиот бил продаден за 130 илјади евра, или метар квадратен чинел 2.888 евра.
Бројот на продадени станови во овој период бележи пад од 27%, споредено со последниот квартал од минатата година, а вкупната продажба бележи пак пад од 23%.
Најмногу станови во овој период се продале во скопската општина Аеродром – 193.
Вкупната вредност пак на пазарот на недвижности во Македонија во овој период изнесувала 276,3 милиони евра и бележи пад од 12,4%.
Во овој период имало вкупно 7,757 трансакции – комбинација од купопродажби и закупи, и истите бележат пад од 16,4%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По 4 милиони евра месечно се заработувало лани од изнајмување недвижности во Македонија
Во Скопје станови се продаваат и за 3.000 евра за квадрат














