Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје, пријавила дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси возило на подрачјето на Гази Баба, такси возачот ја допирал по телото и ја бакнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од таму.














