Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот, која се зголемува вторпат неделава, ќе биде 70 денари за литар.
Цената на другите горива останува иста. Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 73,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98, за 75,5 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ -1) останува 67,5 денари за литар, а на мазутот 36,1 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














