Двајца мажи на возраст од 30 години од Скопје пронајдени починати во викендица во гостиварско

Двајца мажи на возраст од по 30 години од Скопје вчера се пронајдени починати во викендица во гостиварското село Горна Ѓоновица.

Станува збор за Т.Ј. и И.Н., а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Гостивар, лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Нивните тела се дадени на обдукција, која треба да даде одговор за нивната смрт.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести