Двајца мажи загинаа во несреќи со трактори

Двајца мажи загинале вчера во несреќи со трактори.

Првата несреќа се случила во селото Смоквица на улицата „Костадин Зупов“, а после неа загинал 75-годишниот Р.Б. од Гевгелија.

Како што информираа од полицијата тој со тракторот излетал од патот и паднал во коритото на реката Мешкавица. Бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде подоцна починал.

Поврден бил и неговиот сопатник Ж.Г. (70) од Смоквица.

Втората несреќа се случила во во Богданци на улицата „Мирче Ацев“.

Во неа на лице место загинал Ѓ.С. (64) од Богданци, кој со тракторот удрил во бетонски ѕид и се превртел.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести