Од Министерството за здравство (МЗ) денеска споделија детали за 2-годишното дете, кое почина денеска, а беше повредено за време на новогодишната ноќ, од залутан куршим или некаков метален предмет. Од што всушност било смртоносно повредено треба да каже обдукцијата.
Од МЗ потврдија дека во новогодишната ноќ тоа било примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата било згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега.
Било интубирано и поставено на механичка вентилација, и на ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, со 24-часовен мониторинг.
Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволувала хируршко лекување.
-И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што кажала мајката на 2-годишното дете, кое почина, во полиција
Почина 2-годишното дете кое беше погодено од заталкан куршум во Скопје
Се бори за живот: 2-годишно дете во Скопје застрелано во главата














