ДЗС доби двајца нови пилоти за гасење на пожари, сега има вкупно пет

Роберт Малезански и Горан Блажески, се двајцата нови пилоти кои ќе ги возат „ер тракторите“ за гаснење пожари на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), информираа од таму.

Тие во Шпанија успешно ја завршиле преобуката и се стекнале со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

Сега ДЗС има пет пилоти кои имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони.

Лани ДЗС имаше само еден пилот за гасење шумски пожари со авион, бидејќи двајца отидоа во пензија, кои беа повторно ангажирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 600,7 илјади евра склучи ДЗС со “Titan firefighting company“

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести