Владата прогласи кризна состојба поради енергетската криза

Владата прогласи кризна состојба на целата територија на земјава. Истата ќе трае 30 дена, а е донесена поради “судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државата“.

-Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

Со оваа владина одлука се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси, како и попречување и блокирање на нивниот увоз во Македонија, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДДВ-то за горивата се намалува од 18 на 10%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести