Каков имот пријавил Фатмир Меџити, кој не е повеќе директор на Клиниката за неврологија

Клиниката за неврологија има нов директор.

На местото на досегашниот в.д. директор Фатмир Меџити, кој е и поранешен министер за здравство, е поставен д-р Игор Кузмановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

Кузмановски работи на Клиниката од 1996 година.

Тој дипломирал на Медицинскиот факултет во 2002 година, а докторирал во 2016 година.

еМагазин го разгледа анкетениот лист на Меџити, кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал в.д. директор на Клиниката во јуни минатата година.

Каков имот пријавил

На име на родителите пријавил две куќи во Неготино-Полошко, две деловни згради, како и земјоделско земјиште.

На свое име пријавил куќа во скопски Карпош од наследство.

Вози “мерцедес бенз“, на име на родителите пријавил возило “голф“, а на име на сопругата “тојота“.

На свое име и на име на сопругата пријавил кредити.

На име на сопругата пријавил и златен накит, проценет на 350.550 денари.

Си ја пријавил и платата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори добија и Токсикологија и Институтот за клиничка биохемија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести