Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека остварил средба со претставници на големите маркети, потенцирајќи дека Владата активно ја следи состојбата и нема да дозволи отстапувања и профитерство.
„Државата нема да интервенира во пазарот без причина. Но, државата нема ни да стои на страна ако се создава реален притисок врз граѓаните без објективна основа.
Со преставниците на маркетите заеднички заклучивме дека треба да има фер цени на производите и дека не треба да има ново зголемување,“ вели Мицкоски.
Фото: Влада














