Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово соопшти дека утрово во 08:56 часот од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово бил пријавен пожар.
– Пријавено е дека на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово настанал пожар во куќа сопственост на Ш.Д. (70) од Тетово. Пожарот е изгаснат, по што во внатрешноста била пронајдена почината Ф.Д. (70) од Тетово, сопруга на сопственикот.
Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од таму.
Фото: Unsplash














