Синоќа на аеродромот во Скопје слетаа 151 македонски државјанин кои беа евакуирани од Обединетите Арапски Емирати.
Нивната евакуација беше координирана и спроведена од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со надлежните институции, а нив ги пречека и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој на жените по повод 8 Март, им подари цвеќе.



Следните денови се очекува да биде финализирана и евакуацијата на останатите македонски државјани од погодените подрачја на Блискиот Исток.
Фото: МНР














