(Фото) Aвтопатот Гостивар-Букојчани ќе биде готов до 2029 година

Автопатот Гостивар–Букојчан се очекува да биде готов до крајот на 2029 година.

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска посочи дека експропријацијата е завршена речиси 90% и досега се исплатени околу 470 милиони евра.

„Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево.

Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте. Во третиот квартал минатата година растот беше од 21%, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, односно околу 90% од експропријацијата е завршена,“ изјави Николоски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести