(Фото) Сменет билбордот за добредојде во Скопје кој предизвика бура од реакции

Сменет е билбордот за добредојде во Скопје кој беше поставен на источниот влез од градот пред два дена, откако истиот стана предмет на потсмев и бројни критики во јавноста.

Имено на истиот коњот Букефал, од споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“ во центарот на градот имаше пет нозе, Камениот мост на реката Вардар беше неприродно издолжен, а нереално изгледаше и скопското Кале.

Тоа беа само дел од бројните забелешки кои станаа главна тема на социјалните мрежи, па билбордот денеска беше сменет со нов.

На новиот билборд „Добре дојдовте во Скопје“ има фотографии од скопското Кале, Камениот мост, кањонот Матка, Старата скопска чаршија и споменикот „Воин на коњ“.

Ист билборд е поставен и на излезот од градот, на кој пишува „Скопје ви посакува среќен пат“.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој пропустот го нарече техничка грешка, информираше дека Градот не платил за направената корекција, и дека трошоците биле на компанијата – изработувач, која билбордот го поставила преку јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести