(Фото) Заменик-министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка

Лулзим Алиу, од владејачката коалиција Вреди, од партијата Алтернатива, поднесе неотповиклива оставка од позицијата заменик-министер за образование и наука.

Како што пишува на Фејсбук, каде што информираше за оставката, истата била резултат на негова лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период било најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле, во истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството.

Фото: Фејсбук/Алиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести