На денешното рочиште за „Пулс“, Ивана Коцевска, адвокатката на сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов Деко, уште еднаш го повтори барањето тој да биде префрлен од затворот Куманово во Идризово, поради „деградичарки нечовечки и понижувачки“ однос кон него.
Но, од Основното јавно обвинителството прочита известување од затворската управа во Куманово дека откако Јованов се пожалил пред Судот, разговарале со него и немал никакви забелешки за нечовечки однос кон него, се жалел за душекот и дека многу често се вршеле претреси во неговата ќелија.
На почетокот на денешното рочиште, сопственикот на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс“, обвинетиот Гроздан Милковски побара од Судот да го ослободи од присуство поради влошена здравствена состојба. Тој на рочиштето изјави дека нема сили да доаѓа на судење, а за неговата здравствена состојба се жалеше и на претходните рочишта.
Судијката Диана Груевска-Илиевска рече дека е запознаена со случајот и дека докторите ја информирале дека кај обвинетиот е најдена бактерија, но состојбата не е сериозна. Груевска-Илиевска потенцираше дека првиот пат кога нема да се појави на судење, ќе му биде определен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судечкиот совет не го прифати предлогот на бранителите, за спојување на предметите за „Пулс“
Фото: Unsplash














