На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите во случајот побара спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници, кој се однесува на истиот кривично-правен настан.
Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, адвокатката Ивана Коцевска, предложила да се води единствена постапка, а кон овој предлог се приклучија и останатите бранители. Тие образложија дека не можело да има два предмети за ист крвично-правен настан, а не им биле познати исказите на обвинетите дадени пред Основното јавно обвинителство во таа постапка.
Од друга страна, обвинителите кои го застапуваат обвинителниот акт во овој предмет посочија дека не се надлежни да се произнесуваат за постапката што се води против полициски службеници во рамки на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
„Ние обвинителите од овој тим не сме надлежни да постапуваме по предмети кои што се водат кривични постапки за полициски службеници, ниту имаме можност како обвинители кои што не работат во ОЈО ГОКК, да работат со полициски службеници да се произнесеме по ова прашање.
Ова прашање е надминато уште од самиот почеток. Зачудува барањето на одбраната за спојување на постапката, кога истата одбрана тука пред Судот приговара за спојување на двата предмети. Внимателно пристапуваме, не сме овластени да се произнесуваме дали има основа за спојување и да говориме во име на друго надлежно обвинителство,“ велат од Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














