Иран денеска одговори на протестната нота на Турција и негираше дека лансирал ракета кон воздушниот простор на таа држава.
Во соопштението на Генералштабот на иранските вооружени сили се наведува дека го почитуваат сверенитетот на Турција и негираат дека испалиле каква било ракета кон нејзина територија.
Вчера, НАТО собори ракета над Турција, поради што на разговор беше повикан иранскиот амбасадор, државата испрати протестна нота до Иран и побара објаснување за инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако НАТО собори балистичка ракетa над Турција државата испрати протестна нота до Иран
Фото: Unsplash














