Судечкиот совет не го прифати предлогот на бранителите за спојување на предметите за „Пулс“

Судечкиот совет донесе решение дека не се прифаќа предлогот на бранителите, за спојување на повеќето предмети поврзани со дискотеката „Пулс“.

Судијката Диана Груевска Илиевска образложила дека тоа уште повеќе би значело одолговлекување на постапката, затоа што би следувало дека, освен тимот од 15 обвинители што постапуваат по овој предмет, би било потребно присуство и на дополнителни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Судот, образложувајќи ја фазата во која се наоѓа оваа постапка – односно дека е во фаза на доказна постапка – како и другите три постапки поднесени од ОЈО ГОКК, каде што вкупно има 25 обвинети и каде едниот предмет е веќе во завршна фаза, евентуалното спојување би довело до одолговлекување и на тие и на оваа постапка.

Тоа, според Судот, би било во спротивност со начелото на економичност и целисходност на постапката, како и со обврската судот да ја води постапката без одолговлекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешното рочиште за „Пулс“, одбраната побара спојување на постапката со новиот обвинителен акт против 13 полицајци

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести