Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов

Истрагата за осомничениот судија од Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја почнало пред една година и во овој период за него не биле користени посебни истражни мерки (ПИМ), информираа денеска од таму.

Како што е познато Ристов е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, откако во домот на неговите родители во Неготино во ѕид беа најдени 350 илјади евра.

Кога почнала истрагата?

Од Обвинителството информираа дека истрагата почнала од пријавени наоди за судии во Апелација, а на крај до парите стигнале врз основа на оперативни сознанија.

Како што е исто така познато се работи за сознанија на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

По првичниот наод се појавиле и повеќе сведоци, кои тврделе дека им се влијаело од страна на адвокати во случаи со лица со влијание, а истрагата ја добила својата контура, по обеделувањето на случајот со поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој заврши во затворски притвор за поткуп од 50 илјади евра за да влијае кај судија од Апелација, како адвокат на Љупчо Пецов – Ѓаволот, тој да не оди во затворски притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Фехми Стафа, поранешниот државен правобранител, кој заврши во притвор за потпкуп од 50 илјади евра

Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор

Парите најдени при втор претрес во куќата на родителите на Ристов

За да ги откријат парите истражителите на Обвинителството направиле претреси на три локации, а во куќата на родителите на Ристов во Неготино биле најдени по втор обид.

При претресот тој не бил присутен.

Како што информираа од Обвинителството, истражителите на неговите родители им поставувувале различни прашања, а ги прашале и дали реновирале нешто во куќата. По добиениот негативен одговор од нив, истражителите забележале свеж цемент во кујната, а потоа и плочки кои се разликувале една со друга. По мало кршење се појавила дупка, која се проширила кон десно и почнале да паѓаат поединечно спакуваните пари.

Биле со различни апоени, а најголемиот дел од по 500 евра.

Чиви се парите

Од Обвинителството посочуваат дека не може да тврдат од кога потекнуваат овие пари, дали се за случајот со Стафа или за некој друг, или нешто друго, но велат дека за нив нема оправдание согласно примањата на судијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид

Од таму велат и дека овие пари не се поврзуваат директно со некој поткуп, но посочуваат дека станува збор за пари поврзани со лице кое има законска обврска да пријавува имот и во тој случај се поставува прашањето дали тоа лице требало да ги пријави и тие 350 илјади евра заѕидани во ѕид.

Исто така била направена и анализа што Ристов поседува како движен или недвижен имот, дали е истиот е пријавен во Државната комисија за спречување корупција и колкава е неговата плата.

Посочуваат и дека е особено тешко да се обезбедат директни докази, особено за поткупите и примопредавањата во случаите на висока коруција, бидејќи тие не одат директно од рака на рака, туку секогаш има посредници и многу обрачи за заштита на т.н. примач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

350. илјади евра не биле на Ристов, туку нивни, тврдат родителите на судијата

За тврдењето на одбраната на Ристов, дека овие пари се на неговите родители, заработени од земјоделие, од таму велат дека не се убедени во тоа, но и дека другата страна има право тоа да го докаже ако имаат аргументи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијата Ѓоко Ристов остана без имунитет и пасош, оди во куќен притвор

Позади ѕидна плочка, во алуминиумски ролни спакувани 350.000 евра: МВР поднесе кривична за судијата Ристов и откри детали од акцијата

„Човекот верувал во цврсти институции“: Лавина реакции за судијата Ѓоко Ристов, на кој му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести