Глобалните тарифи од 10% за сите стоки кои ги донесе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се незаконски, пресече Федералниот трговски суд на САД, пренесуваат американските медиуми.
Претходно, пред неколку месеци и Врховниот суд на САД, ги поништи претходните тарифи што ги воведе администрацијата на Трамп.
Трамп ги воведе царините од 10% во февруари согласно член од Законот за трговија од 1974 година, кој никогаш претходно не бил користен.
Оваа следи по тужба на две компании и државата Вашингтон, па засега е нејасно дали пресудата со која се бара администрацијата да престане да собира царински давачки од тужителите, и да им ги врати веќе платените износи, ќе важи и за другите увозници.
Се ќе зависат од тоа како ќе одговори администрацијата и дали Министерството за правда на САД ќе поднесе жалба.
Фото: Унсплеш














