Професорот Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Редовниот професор на катедрата по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Гоце Наумовски, во македонското Собрание е избран за нов уставен судија.

За негов избор “за“ гласаа 63 пратеници, а седум беа „против“.

Беше предложен од страна на претседателот на собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој е и еден од надворешните соработници за право на премиерот Христијан Мицкоски и е брат на поранешниот вицепрeмиер за евроинтеграции, Васко Нуамовски.

Неговиот избор следи откако Јадранка Дабовиќ Анастасовска од лични причини во декември лани поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Гоце Наумовски, кој е избран за уставен судија

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести