Попладнево изби пожар во магацините и три производствени погони на фабриката „Винчини“ во Виница. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари, информираа од Центарот за управување со кризи.
До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини.
„Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини,“ се наведува во соопштението.
Фото: Unsplash