Дизелот и маслото за горњење поевтинуваат, цената на бензините останува иста

Од вечерва на полноќ за еден денар се намалува цената на дизелот и Екстра лесното масло (масло за горење), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 67 денари за литар, а на маслото за горење, 66,5 денари за литар.

Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, останува истата и тие ќе се продаваат за 73, односно 75 денари за литар.

Се намалува и цената на мазутот за 0,614 денари и сега ќе се продава за 36,047 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести