Од вечерва на полноќ се намалува само цената на Мазут М-1 НС, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 72 денари за литар, бензинот Еуросупер БС-95 за 74 денари за литар, Еуродизелот (Д-Е V) за 68 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно (ЕЛ-1) за 67 денари за литар.
Цената на мазутот се намалува за 0,235 денари и сега ќе се продава за 33,650 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














