Грција ќе го решава хаосот на границите со нови мерки

Македонско-грчката граница вчера повторно го отсликуваше она што ќе се случува во екот на туристичката сезона. Долги колони возила, метеж, нервозни патници и поттик туристите за ова лето да размислуваат за алтернативи, како би можеле да избегнат губење денови по границите.

Грција, која што е една од најпогодените земји од воведувањето на новиот ЕЕС систем за влез и излез во Шенген зоната, најавува воведување на нови мерки со цел олеснување на патувањето, пренесуваат тамошните медиуми.

Новите мерки предвидуваат дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила.

Работни тимови веќе се на терен, каде што властите од една страна се соочуваат со обврската за спроведување на новите правила, а од друга страна со застарена инфраструктура за да го спроведе истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција потврди: Нема да има отстапки за никој за фотографирање и земање отпечатоци на прсти при влез во земјата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести