Хрватската полиција објави дека е исчезната Бојана Пешевска (33) родена во Штип, а е поврзана со прикривање на убиство.
Пешевска е обвинета во случај поврзан со бруталното убиство на А.С. (34). Ј.У. (25), кој според обвинението го омалаксал А.С., го претепал и го фрлил во реката Купа.
Пешевска знаела за ова убиство, но со фалсификуван договор го презела сопствеништвото врз неговиот автомобил.
Според потерницата, таа живеела во Карловац.















