Информацијата од моменталното раководство на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека во периодот од 2019 до 2024 година, поранешен директор и група вработени во АНБ собирала информации за поранешен лидер на опозицијата, обвинител, новинари и поранешен министер, е топ тема во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случајот го истражува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈГОКК), а во меѓувреме во медиумите се објавени и имиња на дел од лицата кои биле предмет на обработка на групата во АНБ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството ги испитува наодите на АНБ за незаконско прислушување и следење
Веќе е познато дека едно од лицата е актуелниот премиер Христијан Мицкоски, а според медиумите обвинителот е поранешната шефица на ОЈГОКК, Вилма Русковска, а новинарите се Кристијан Ландов и Љупчо Златев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Порталот МКД објави дека биле обработувани и актуелниот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, но и бизнисменот Орце Камчев.
Од АНБ за МКД појаснуваат дека не се работи за прислушување, туку за прибирање на информации за таргетирани лица, за нивните ставови, искази во разни прилики, средби со други лица и други нивни активности.
Сите овие информации според порталот сепак станувале дел од аналитичкиот центар на АНБ, но поголемиот дел бил најден во печатена форма, илјадници страници оставени во една од канцелариите на раководните лица. Подоцна и овие материјали станале дел од аналитичкиот центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ