И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор: Морничави детали за убиството на жената во Штип

Од Основното јавно обвинителство Штип денеска соопштија морничави детали за убиството на Б.Н. (79) од Штип, за кое е осомничен Д.А. (74) од Штип со кога била во блиски лични односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

74-годишен маж од Штип ја убил сосетката и го закопал телото во дворот

За Д.А. е отворена истражна постапка за кривичното дело – Убиство.

Како што велат од Обвинителството, тој при вршење на семејно насилство, со тврд предмет и задал повеќе удари на Б.Н. во главата, кршејќи и го черепот.

Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата.

Обвинителството побара притвор за осомничениот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести