Самит за Западен Балкан во Лондон: Мицкоски и лидерите од регионот се сретнаа со Кралот Чарлс

Во Лондон, Обединетото Кралство, денеска и утре се одржува Самит за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес, кој ги собира на едно место лидерите на земјите од регионот и од Европската унија (ЕУ) со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка и забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Домаќин на Самитот е британскиот премиер Кир Стармер.

На истиот учествуваат премиерите на Македонија, Христијан Мицкоски, кој ја предводи македонската делегација, на Србија, Ѓуро Мацут, на Косово, Албин Курти, на Црна Гора, Милојко Спајиќ, на Албанија, Еди Рама и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, како и претставници од Германија, Франција и од други членки на Унијата.

Тие ќе разговараат за стабилноста, безбедноста и економската соработка во регионот, како и за борбата против нелегалната миграција.

Во рамки на Самитот, Мицкоски и неговите колеги од регионот се сретнаа и со Кралот Чарлс III.

Мицкоски за средбата информираше на Фејсбук, а меѓудругото напиша дека средбата била искрена и содржајна и дека разговарале за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-британската компанија Бурсток ќе инвестира во воена индустрија во Македонија,најави Мицкоски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести