Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје Економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми.
На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака:
Пол Кругман се смета за еден од највлијателните економисти на денешницата. Освен по редефинирањето на теоријата за меѓународна трговија, познат е и како основач или коосновач на неколку нови дисциплини во меѓународната економија – од новата трговска теорија (NTT) и новата економска географија (NEG) до модели на финансиски кризи и движења на девизниот курс.
Нобеловата награда за економија ја доби во 2008 година.
Годинешната конференција на СЕФФ ќе се одржи на 30 и 31 мај 2022 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Четирите столба на дискусијата ќе бидат: Макроекономски предизвици во турбулентни времиња, Отпорност, конкурентност и регионална соработка, Енергија, зелена транзиција и инфраструктура и По кризата: двигатели за одржлив раст.
Покрај Кругман, меѓу потврдените учесници се повеќе други истакнати економисти, високи претставници на меѓународни финансиски институции, министри за финансии, гувернери… кои ќе ги образложат своите гледишта и ќе дебатираат на еден од осумте панели на #СЕФФ2022.