Нов директор на најголемата термоелектрана во Македонија, РЕК Битола, е Иван Куковски, потврдија за еМагазин од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) АД Скопје, во чии рамки работи оваа подружница.
Тој доаѓа на местото на Тони Петрушевски, кој побарал да биде разрешен од лични причини.
Петрушевски, како што велат од ЕСМ, ќе остане во компанијата, како помошник во Кабинетот на генералниот директор на ЕСМ, Лазо Узунчев.
Петрушевски за директор на РЕК Битола беше поставен во 2024 година.














