Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ, поднесе тужба за лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.
Тој го тужи Филипче за обвинувањата дека работел за српската тајна служба и дека бил во дослух со рускиот претседател Владимир Путин.
Информацијата Стоиљковиќ ја соопшти на неговиот Фејсбук профил и е убеден дека ќе добие на суд, а парите што ќе ги добиел од тужбата, планирал да ги донира на Психијатриската болница во Бардовци.
Фото: Фејсбук/Стоиљковиќ














