Јавни опомени за Факом и МЗТ Пумпи од Македонската берза

На издавачот Факом АД Скопје, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на образложение кон неревидираните консолидирани финансиски извештаи (Биланс на успех, Биланс на состојба, Извештај за паричните текови и Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01.-31.12.2025 во пропишаниот рок, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 4 од Правилата за котација, информираа од Македонската берза.

Јавна опомена му е изречена и на издавачот МЗТ Пумпи АД Скопје, поради необјавување на целосни материјали за собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачот не постапил согласно член 39, став 5 од Правилата за котација, велат од Берзата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести