Во вчерашната акција на Управата за финансиска полиција и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) беа приведени неколку лица.
Меѓу нив е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој е и поранешен потпретседател на СДСМ и поранешен градоначалник на Општина Карпош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Стефан Богоев меѓу приведените во акцијата на Финаниската полиција
Засега освен потврда за акцијата од страна на Финансиската полиција и ОЈО ГОКК, нема конкретни детали за што се приведени лицата.
Повеќе медиуми објавија дека тие се приведени за тендер на Царинската управа за хигиена и одржување на гранични премини и терминали од 2023 година, вреден околу 20 милиони денари.
Детали за акцијата се очекуваат денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За тендер во Царина приведени повеќе лица: Акција на Финаниската полиција
Фото: Фејсбук/Богоев














