Уставни измени за старт на преговорите со ЕУ: Ништо ново од Кошта, претседателот на Европскиот совет

Како и што се очекуваше ништо ново не донесе вчерашната посетата на Македонија на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, тој синоќа повтори дека уставните измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, остануваат услов за да земјата ги започне преговорите со Европската унија (ЕУ).

-Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување на пристапните преговори. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците, кажа тој меѓу друго, порачувајќи во познат стил дека иднината на земјава била во наши раце.

-Единствениот начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите и преку преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи, подвлече тој.

Не даде одговор на прашањето дали Македонија ќе ги добие гаранции од ЕУ кои ги бара, во форма на заклучоци на Европскиот совет за билатералните теми во процесот на проширување.

-Она што е договорено, е договорено. И треба да се испорача она што е договорено и ништо повеќе од она што е договорено. Тоа значи дека она што е договорено во 2022 година треба да се испорача и ништо повеќе од тоа.

Освен тоа, се работи за нормалниот процес на проширување, да се отворат и затворат различни поглавја, различни кластери. И преговорите одат чекор по чекор. Тоа е процес што се заснова на заслуги. Тоа е она што го прават и другите земји кандидати, рече тој.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести