РСЕ: Кај руски хакери пронајдени електронски адреси поврзани со македонската Влада, Армијата и Министерството за одбрана

Групата независни експерти за сајбер безбедност, „Crtl Alt Intel“, успеала да пристапи до папки на серверот на руска хакерска група кон средината на март.

Податоците што ги добиле покажуваат дека е можно да се идентификуваат седум различни е-мејл адреси на македонското Министерство за одбрана и македонската Армија, кои биле компромитирани, како и електронски адреси поврзани со домејни на македонската Влада, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Хакирани се и е-мејл адреси на српското Министерство за одбрана, но тие напади не биле пријавени.

Податоците се пронајдени кај хакерската група „Фенси Бер“, која американските и британските владини институции ја поврзаа со руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Целата сторија на РСЕ, ОВДЕ.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести