Убиството на 43-годишниот маж од Кавадарци пред казино во градот е во фокусот на јавноста, а за истото се приведени три лица, сите од Кавадарци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познат идентитетот на убиениот 43-годишен маж во Кавадарци, уапсени три лица
Како што веќе соопштија од Министерството за внатрешни работи до убиството дошло откако убиениот маж бил нападнат од три лица, а починал од повредите предизвикани од тепањето.
Од Основното јавно обвинителство информираат дека дека тројцата осомничени ќе се гонат за кривичното дело “тешка телесна повреда со смртни последици“, дека е отворена истражна постапка за нив, но и дека во текот на истата ќе се врши и психијатриско вештачење на осомничените, па доколку се утврди дека кај нив постоела свест и намера да го лишат од живот оштетениот, можна е преквалификација на делото во убиство.
Осомничените се на возраст од 27 години и еден 35-годишник.
За нив е побаран и притвор, пред се поради опасност од бегство.
“На ова укажува и нивното однесување веднаш по настанот, бидејќи тие се оддалечиле од местото и не се пријавиле самите во полиција. Наместо тоа, отишле заедно во стан на едниот од осомничените. Од тие причини јавниот обвинител оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази“, велат од таму.
Од Обвинителството посочија и нови детали за убиството. Расправијата започнала во казиното, а потоа го нападнеле починатиот маж со боксови и клоци по целото тело и глава.
“Оштетениот се обидел да влезе во казиното, но изгубил свест. Со ударите му нанеле повеќе тешки телесни повреди од кои починал“, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ