Од анализата на извештајот на надлежните институции, ќе зависи дали Владата ќе донесе нови мерки за справување со растот на цените. Според првичните наоди, има поскапувања кај повеќе категории производи, особено кај основните прехранбени артикли.
На денешната владина седница, ќе се разгледуваат податоците доставени од Државниот пазарен инспекторат.
Според Министерството за економија и труд, во изминатиот период се спроведени над 140 инспекции на повеќе од 800 продажни објекти низ земјата. Контролите опфатиле производители, увозници, дистрибутери, како и големи и мали малопродажни ланци, со фокус на основните прехранбени производи, хигиенските средства и производите за деца.
Фото: Unsplash














