На огласот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), откако Марко Бислимоски поднесе оставка по кривичната пријава од Управата за финансиска полиција, се јавиле двајца кандидати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција
Како што објави државната агенција МИА, се пријавиле Ацо Ристов, кој е поранешен градоначалник на Општина Радовиш и Шамил Реџепи, кој е вработен во РКЕ.
Нивните пријави утре ќе се разгледуваат од страна на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
Претседател на РКЕ избира македонското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична
Констатирани оставките на Бислимоски и Ристовска














