Денеска верниците од исламска вероисповед го слават празникот Курбан Бајрам и за нив е неработен ден.
Обичај за овој голем празник е принесувањето жртва – курбан, овни или телиња, за приближување кон Алах.
Месото се раздава на сиромашните, соседите и на роднините.
Исто така на првиот ден од овој празник се изведува и молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах.
Курбан Бајрам трае три дена, а прославата почнува 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, и го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран. Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на Исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.














