Кои се новите обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

На денешната седница на Советот на јавни обвинители беа избрани четворица, наместо пет, нови обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Од неколкуте пријавени кандидати беа избрани Александар Маркоски, Ана Гоговска Јакимовска, Ана Стојковиќ Димитровска, кои доѓаат од Основното јавно обвинителство (ОјО) Скопје и Енѓелуше Кадриу-Леши, кандидат на немнозиските заедници, од ОЈО ГОКК, на која оваа и е трет мандат.

Не беа избрани Марија Ѓоргева, Валентина Бислимовска, Сузана Мирчевска Кузмановска и Ивана Алексовска Трајчевска, сите од ОЈО ГОКК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои беа кандидатите: Не се избра шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести